Започнува новата сезона во СЕXA лигата
Со три натпревари од првото коло кои се играат денеска, започнува седмата сезона на регионалната ракометна СЕХА лига. Во годинешното ново првенство играат 10 екипи, а трофејот го брани македонскиот шампион Вардар. Освен Вардар, претставник на Македонија е и Металург.

Два претставника ќе имаат и Хрватска (Загреб и Нексе) и Словенија (Горење и Цеље). Од Белорусија во лигата ќе учествува Мешков Брест, а од Словачка (Татран Прешов). Војводина и Динамо Панчево се екипите кои во СЕХА ќе ги бранат боите на Србија.
Двојки за денешните три средби се следниве:
Татран Прешов – Мешков Брест,
Војводина – Динамо и
Горење – Цеље.
Утре е дуелот Загреб – Нексе, а на 2 септември е спортската борба меѓу Металург и Вардар.

