Автомобил „пежо“ со струшки таблици удрил во велосипедистка од Охрид
На 12.11.2026 во 11:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на сервисна улица во поранешен комплекс Отекс се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо” со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(47) од Струга и велосипед управуван од 73-годишната Б.С. од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

