Билтен на СВР Охрид: Физички напад, дрога и кражба во Охрид

- Локални, Хроника
304

Денеска (02.05.2024) во 02.45 часот, во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Р.Р.(20) од Република Црна Гора затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.05.2024 во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески” во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители П.В.(36) и М.Т.(35), двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.05.2024 во 22 часот, во село во општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.Н.(50) од Скопје затоа што претходно во викенд куќа во истото село физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.М.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво”  и „тешка кражба на дрзок начин”. Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски” во Охрид турнал 84 годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска” на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари