Билтен на СВР Охрид: Лишен од слобода охриѓанец, пронајден починат скопјанец во Охрид…

- Локални, Хроника
225

На 08.06.2024 година во 14.50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е М.Р.(23) од Охрид кој претходно, во семејниот дом бил агресивен и упатувал закани кон членови на неговото семејство. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.06.2024 година во 00,09 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во хотелски комплекс во Охрид, починат пронајден е С.Д.(63) од Скопје. Увид извршија полициски екипи а лекар од Итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство.

На 08.06.2024 година во 23.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Л.С.П.(18) од Охрид, кај градскиот парк во Струга била физички нападната од неколку женски лица. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.06.2024 година во 22 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Никола Карев” во Охрид, Б.С. од Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08/09.06.2024 година од 21 до 03 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 16   возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-06, Кичево-02). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари