На 08.10.2024 година во 10.30 часот во близина на авто камп во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.Г.(54) од Охрид затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветен поднесок.
На 08.10.2024 во 13.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека во основно училиште во Охрид, Ж.Н.(38) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.10.2024 во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода У.Д.(44) од Охрид. При претрес во апартманот во Охрид, кој привремено го користел, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Toj беше приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.10.2024 во 15.40 часот, во селото Ботун, општина Дебрца, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Г.Т. врз С.Ј.(72), двајцата од истото село. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари