На 28.07.2025 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15 Корпус” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо” со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(32) од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода” со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(51) од с.Лескоец, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „пежо”, 62-годишната Л.П. и К.П.(30), двајцата од с.Лескоец, охридско, додека со телесни повреди двајцата возачи, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид.
По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.
На 28.07.2025 во 23.05 часот на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија Т.У.(46) од Охрид, кој претходно го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.07.2025 во 23.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека се случила вербална расправија во угостителски објект на кеј „Македонија” во Охрид, помеѓу П.Б. од една и Ж.М. и В.М., од друга страна, сите од Охрид. Подоцна, околу 01.30 часот, на улица „Момчило Јорданоски” во Охрид настанала физичка пресметка помеѓу П.Б. и Ж.М. во која се вклучиле и други лица, при што Ж.М. со тврд предмет го нападнал Т.П.(30) од Охрид и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари