Еден починат во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар

- Хроника
466

На 08.08.2022 во 06.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан”, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С. (56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи”, со скопски регистарски ознаки. На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи”, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со  тешки телесни повреди  се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје. Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.

StrugaOnline

Facebook Коментари