Лев банер Десен банер

Кривична пријава против 61-годишен стружанец за злоупотреба на службена положба и фалсификување исправи

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(61) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „несовесно работење во службата” и „фалсификување службена исправа”. Пријавениот, вработен во Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи Струга, како советник и овластен потписник на акти, злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, во текот на 2022, 2023 и 2024 година изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште на други лица, самоволно им втиснувал службен печат за правосилност и ги испраќал до Одделението за катастар на недвижности Струга, но претходно не ги испраќал до надлежна институција за мислење.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: