Утре во Охрид самостојна изложба на слики на Анче Колева
Љубителите на ликовната уметност во Охрид утре ќе имаат можност да ја посетат самостојната изложба на слики на уметницата Анче Колева.
Изложбата ќе биде отворена на 22 септември 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во Изложбениот салон.
Настанот е во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, а се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам.
Самостојната изложба претставува можност охридската и струшката публика да се запознае со творештвото на Анче Колева и да проследи дел од нејзиниот ликовен израз.
Од Центарот за култура ги покануваат љубителите на уметноста да бидат дел од отворањето и да го проследат изложбениот проект.
Изложбен салон, 22 септември, 19:30 часот – средба со уметноста на Анче Колева.
StrugaOnline

