ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.А.(41) и Л.А.(36), двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.
На локација на улица „Маршал Тито” во Струга, без соодветна документација и спротивно на Законот за градење, пријавените започнале со градба на објект за домување со деловни простории.
Од извршениот инспекциски надзор извршен од градежна инспекција при општина Струга, донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да прекинат со градењето на објектот и во даден рок да се изврши усогласување на градбата со Законот за градење.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари