Лев банер Десен банер

Лишен од слобода 26-годишен стружанец, кај него пронајдена марихуана

На 09.03.2026 година во 22:25 часот, на улицата „Енгелсова“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишиле од слобода М.М. (26) од Струга.

При извршен преглед кај него, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.

Стефан Димоски од СВР Охрид информира дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: