Млад српски фудбалер починал од повредите по скок од карпа во Охридското Езеро

- Хроника
849

26-годишниот Никола Стевановиќ- Коле, млад фудбалер од селото Доње Краинце кај Лесковац, почина во болница, откако полни 12 дена се бореше за живот, како последица од ударот во подводна карпа по скок во Охридското Езеро.

Српскиот портал Блиц спорт јави дека Никола починал во Скопје, далеку од својот дом и семејството, откако бил во кома 12 дена.

Според истиот извор, Никола, инаку фудбалер, бил на одмор во Охрид со клубот пред почетокот на сезоната. Несреќата се случила кога тој скокнал од карпа во езерото, по што удрил во подводна карпа и го скршил вратот и шестиот пршлен.

Тешко повредениот млад човек бил итно префрлен во Скопје, каде што е опериран, по што паднал во кома од која не се разбудил.

извор: Курир

фото: архива

Facebook Коментари