МВР со официјално соопштение за убиството во струшки Поум

- Хроника
808

На 28.02.2019 околу 19 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека истиот ден околу 18 часот на локалниот пат село Делогожда-село Поум, на место викано „Кодра бум“ У.В.(22), управувајќи патничко возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(46) од село Поум, во кое бил и неговиот син З.Б.(23). Според пријавеното, В.Б. и З.Б. излегле од возилото и со секири тргнале кон У.В. со кого од порано имале нерасчистени односи. У.В. испукал повеќе куршуми и ги погодил З.Б.и  В.Б., по што заминал од местото и се пријавил во Полициската станица Струга. Од случајни минувачи повредените биле пренесени во Медицински центар Струга, каде кај З.Б. била констатирана смрт, додека В.Б. бил задржан на лекување. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари