На 88 години почина францускиот актер Ален Делон

- Свет, Хроника
150

Опкружен со своите три деца, на 88 години почина познатиот француски актер Ален Делон.

Роден е во 1935 година во предградие на Париз, неговите родители се разведуваат кога имал само 4 години и даден е во згрижувачко семејство.

Актерската кариера ја започнива во 1957 година и брзо станува еден од најпосакуваните глумци и мажи во француската и светска кинематографија. Го нарекуваа и францускиот Џемс Дин но и машка верзија на Брижит Бардо со која едно време беа во кратка врска.

Последните години беше погоден од деменција и размислувал за еутаназија.

StrugaOnline

Facebook Коментари