На Граничниот премин Блато, лишен од слобода жител на Албанија баран со потерница од Интерпол-Унгарија
На 04.03.2026 во 15:05 часот на Граничен премин Блато, на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато го лишија од слобода А.Б.(38) од Република Албанија.
При пасошка и гранична контрола, полициските службеници констатирале дека бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Унгарија. Тој е пренесен во ОВР Дебар за понатамошна постапка, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

