Времето денес сончево и топло со мала до умерена облачност
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС)
9 Берово, Попова Шапка, 10 Mаврови Анови, Лазарополе, 11 Крива Паланка, 12 Битола, 13 Тетово, Охрид, Претор, Kрушево, 14 Скопје-Петровец, 15 Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица, 16 Виница, Куманово, 17 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, 19 Велес.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

