Паркиран автомобил се запалил на улицата „ЈНА“ во Струга
На 16.03.2026 во 18:57 часот во ОВР Струга било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Струга настанал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(40) од Дебар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на ОВР Струга.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

