По долги и тешки здравствени компликации, на 47 годишна возраст почина новинарот Саше Димовски.
Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, основач е на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
Извор: Канал 5
фото: архива
Facebook Коментари