На 22.08.2024 во 17.13 часот во Полициската станица Струга, од Медицински центар Струга било пријавено кај нив бил донесен починат Б.П.(40) од с.Мислешево, струшко, вработен во Територијалната противпожарна единица Струга.
Според пријавеното, тој бил на интервенција во с.Октиси каде што бил пријавен пожар на место викано „Октишка краста“. Откако завршиле со интервенцијата со колегите се вратил во Територијалната противпожарна единица Струга и при одложување на опремата паднал и починал на местото.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар, а увид извршиле екипа од ОВР Струга и трудов инспектор.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари