Полицијата приведе германски државјанин осомничен за неовластено снимање на воен објект во Радожда
На 05.08.2026 во 14:30 часот во струшкото село Радожда, од слобода е лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства” согласно член 350 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, место што е во забранета зона за снимање. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

