Лев банер Десен банер

Пожар на паркирано возило на паркингот на плоштад „Мајка Тереза“ во Струга

На 26.03.2026 во 20:02 часот во ОВР Струга е пријавено дека на паркинг простор на Градскиот плоштад „Мајка Тереза“ во Струга настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на Џ.Х.(77) од с.Велешта, струшко.

Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: