Сообраќајка кај „Теферич“, повредено e 15-годишно дете

- Хроника
780

На 23-ти овој месец, во 16:20 часот, на локалниот пат во населбата „Теферич“ во Струга, 39-годишниот Ф.Б. од струшкото село Шум, управувајќи патничко возило „Опел астра“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

– Притоа, со тешки телесни повреди се здобил неговиот 15-годишен сопатник од селото Шум, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари