Сообраќајка на регионалниот пат Струга – Охрид, учествувало возило сопственост на Царинска Управа

- Локални, Хроника
1501

На 29.12.2024 во 19.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Струга – Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „шкода” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Министерство за финансии – Царинска Управа, управувано од Г.К. (60) од струшкото село Велешта и „форд” со дебарски регистарски ознаки, управуван од Е.М.(25) од Дебар.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд” и сопатниците М.Б.(34) и малолетник од кичевското село Долна Бањица, констатирани во Општата болница во Струга.

По овластување на Јавен обвинител, на местото на незгодата, увид извршија полициски екипи.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари