Стружанка агресивно се однесувала во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид

- Локални, Хроника
713

На 9-ти декември 2024 година, во 16:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, жена од Струга го нарушила јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон 48-годишно лице од Струга.

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид , фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари