– На 09.09.2024 во 19.00 часот, во казино на улицата „Маркс Енгелс” во Струга нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.С врз Н.М.(28) од струшкото село Радолишта.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
– ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.Б.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
При контрола и преглед, извршен на улицата „Ристо Крле” во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари