СВР Охрид: Во струшкото село Мислешево, пронајдени и одземени четири стебла од растението канабис

- Хроника
1038

На 23.07.2021 година во 12.30 часот, полициски службеници од ОВР Струга и граничната полиција-Регионален центар Запад, во струшкото село Мислешево, при преглед на терен, пронајдоа и одзедоа четири стебла од растението канабис. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

StrugaOnline

Facebook Коментари