Тешка сообраќајна несреќа кај „Стража“, повредени две лица од струшките села Ливада и Калишта

- Локални, Хроника
2787

На 21-ви октомври 2024 година, во 10:20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во правец кон преминот „Стража“, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

„Незгодата се случила помеѓу товарно возило марка „Волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од страна на 45-годишно лице од Куманово, минибус „Мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 60-годишно лице од село Горно Седларце, општина Боговиње и патничко возило „Бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 32-годишно лице од струшкото село Ливада. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот од возилото „Бмв“, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник, 25-годишник од струшкото село Калишта, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево“, информираат од МВР.

извор: МВР фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари