Лев банер Десен банер

Дупер во соработка со Young Dadi ја објавија песната „Претера“

Македонската музичка група Дупер ја објави својата најнова песна и видеоспот со наслов „Претера“, реализирана во соработка со Young Dadi.

Новата нумера носи современ музички звук и енергија препознатлива за стилот на Дупер, а зад музиката стојат Илчо Нечовски, Давид Даниловски, Борис Какуринов и Андреј Николов.

Текстот за песната е заедничко дело на Давид Даниловски, Борис Какуринов, Илчо Нечовски и Андреј Николов, додека аранжманот го потпишуваат Борис Какуринов и Андреј Николов.

StrugaOnline

error: