LTH Леарница вработува ОПЕРАТОРИ НА ЦНЦ МАШИНА

„ONE-STOP SHOP“ 100% Export – Дел од Групацијата LTH Castings d.o.o. Slo

Изработуваме иновативни и високо квалитетни производи наменети исклучиво за автомобилската индустрија преку автоматизиран процес на леење под висок притисок,  машинска обработка на одлеаните делови и конструкција на алати.

*Поради проширување на производната програма имаме потреба од пополнување на НОВООТВОРЕНИ работни места:

ОПЕРАТОРИ НА ЦНЦ МАШИНА 

Одговорности:

  • познавање на основните правила за стартување и работењето на машините за обработка
  • основно опслужување на машините за обработка со определени одлеаноци
  • прегледување на одлеаноците и препознавање на грешки во согласност со контролната документација
  • познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место
  • почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија
  • грижа за чисто и уредно работно место – 5Ѕ и самоодржување

Квалификации:

Средно образование, техничко; друго

Вештини:

  • прецизност
  • соработка со останатите
  • снаодливост
  • организација на сопствената работа
  • осет за простор и чистота

Услови за работа:

Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа во смени.

Останато:

  • покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
  • обезбеден топол оброк
  • додатоци на плата за сменска работа
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • исплата на новогодишен надоместок
  • доброволно приватно здравствено осигурување
  • награди и бонуси согласно покажани резултати

Кандидатите своите професионални биографии можат да ги испратат на линкот подолу најдоцна до 21/09/2022.

Ве очекуваме!

https://www.lthcastings.com/careers →EMPLOYMENT OPPORTUNITIES

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

Facebook Коментари