Далчески е херојот на натпреварот во кој Караорман убедливо славеше во Ресен

Климе Далчески е херојот на натпреварот за ФК Караорман која славеше  над екипата на Преспа во рамки на Третата лига Југозапад. Екипата на Преспа започна одлично, во осмата минута преку Метин Исмаилоски поведе со 0:1, а Кристијан Караилоски во 23-та минута беше прецизен за o:2. Пред самиот крај на првиот дел, Климе Далчески погоди за 2:1 на полувреме.

На стартот на второто полувреме Илија Далчески погоди за 2:2. Во 61-та минута Климе Далчески со својот втор гол обезбеди водство за Караорман. Само четири минути подоцна, Далчески погоди уште еднаш за 2:4. Во 80-та минута Ивица Ќелешоски постигна гол за конечни 2:5.

Strugaonline

фoто: архива

Facebook Коментари