Филипче: Во СЦ ,,Билјанини извори“ во Охрид наскоро ќе започне вакцинацијата на жителите од овој регион

- Локални, Останати
498

Во тек е подготовка на спортската сала ,,Билјанини извори“  во Охрид каде наскоро ќе започне масовна имунизација на жителите од овој регион.

-Во салата се подготвуваат 28 вакцинални пунктови, на кои дневно е во план да се вакцинираат над 1500 граѓани. За вакцинација во салата ангажирани се 50 медицински сестри, 10 лекари и 24 административни работници. Вакциналните пунктови ќе работи во две смени. -информираше министерот Филипче.

Спортската сала „Билјанини Извори“ се става во функција на министерството за здравство за потребите за вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.

Во тек е подготовка на спортски сали за масовна вакцинација во Битола, Кавадарци, Штип, Куманово и Тетово.

Strugaonline

Facebook Коментари