Средба со граѓани за идентификување на клучните проблеми во Општина Струга во рамки на проектот ,,Форум за граѓански дијалог “

- Локални, Останати
394

Центарот на заедницата на Општина Струга ве поканува да учествувате на консултативна средба што ќе се одржи во петок, 4-ти ноември со почеток во 14:00 часот во хотел Београд.

,,Оваа средба со граѓани има за цел да ги идентификува клучните проблеми во Општина Струга, приоритетите и можностите за пронаоѓање на решенија од страна на надлежните  локални власти. ,, -информираат од Центарот на заедницата.

Средбата се организира во рамки на проектот Форум за граѓански дијалог поддржан од Olof Palme Internacional Centar од Шведска, а го имплементира Центарот на заедницата на општина Струга во соработка со HBO Инфо Центар и седум други граѓански организации.

Facebook Коментари