Стружанецот Лука Симоноски на само осум години ќе учествува на Европско првенство во шах

- Локални, Останати
1168

Лука Симоноски е првиот шахист од Струга кој на свои осум години ќе учествува на Европско првенство во шах.

Патот до Европското првенство што ќе се одржи од 15-ти до 21-ви октомври во Чешка, Лука си го обезбеди делејќи го првото место на Државното првенство во Македонија.

На Европското првенство кое поради пандемијата се одржува онлајн, а Лука ќе се натпреварува од ,,Јахја Кемал“ во Скопје,  ќе учествуваат 900 деца, а во категоријата до осум години, ќе учествуваат 90 деца од цела Европа.

Лука игра шах во Шаховска школа – Струга ,,Алкалоид“ од својата петта година.

 

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари