Стружани на дебата со кандидатите за градоначалник ги идентификуваа трите приоритетни области за Струга

- Локални, Останати
612

Денеска се одржа дебата со кандидатите за градоначалник на Општина Струга и носителите на советнички листи.

На дебатата се разговараше за три приоритетни области кои ги идентификуваа граѓаните на Општина Струга.

Kако прв граѓански приоритет беше идентификувано доброто менаџирање со цврст отпад и чистење на дивите депонии низ целата општина, втор граѓански приоритет е воспоставување на систем и процедури за управување со крајбрежниот појас и организирање одржлив туризам во Општина Струга. Трет приортет е водоснабдувањето во Општина Струга.

,,Целта на овие активности е да се создаде Форум за граѓански дијалог, кој по изборот на градоначалници и советници ќе продолжи активно да ја следи работата на локалната самоуправа и реализацијата на граѓанските приоритети.“ – информираат од Центарот на заедницата на Општина Струга.

Проектот го спроведуваат шест партнерски граѓански организации (НВО Инфоцентар, Младински културен центар-Битола, Центар на заедницата на општина Струга, Гласен Текстилец, Мултикултура и Идеа ЈИЕ), во соработка со Спектар од Крива Паланка, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе и Центар за развој на медиуми.

Форумот за граѓански дијалог е поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.

Strugaonline

Facebook Коментари