Студиото за танц ,,БАХ“ вечерва повторно на сцена- скратена верзија на концертот ,,Алиса во земјата на танцот“ на отворено

- Локални, Останати
448
Поради голем интерес од публиката, Студиото за танц ,,БАХ’ вечерва со почеток во 20:00 часот на летната сцена во Струга ќе претстави скратена верзија на нивниот годишен концерт ,,Алиса во земјата на танцот“.
,,Целосниот спектакал кој се одржа во Центарот за култура, публиката ќе може да го проследи на CD или на интернет, за вечерва избравме кореографии кои може да се изведат во условите кои ги нуди летната сцена која во моментов не е погодна за танц-спектакл. Со точките кои што ги избравме , подготвивме едночасовна верзија која ќе ве израдува и ќе ви разбуди убави чувства.“ – изјави Тања, кореограф и идеен творец на Студиото за танц ,,БАХ“.
Иако концертот започнува во 20:00 часот, вратите на летната сцена ќе бидат отворени од 18:30 за да може непречено да се влегува и секој да си обезбеди место. Пред почетокот на концерот ќе ве забавува DJ Димитар, Play radio, a ќе можете да ја погледнете и изложбата на младите и талентирани ликовни уметници од школата за цртање на Кики Муки Затуровска, на тема ,,Алиса во земјата на танцот“.
Strugaonline

Facebook Коментари