Турскиот амбасадор во земјава Г-дин Хасан Мехмет Секизкок вчера беше во посета на гимназијата „Д-р Ибрахим Темо“- Струга.
,,Имавме пријатна средба на која амбасадорот се заблагодари за топлиот пречек што му го приредивме и за гостопримството по кое сме познати. На средбата се разговараше за идните соработки во насока на обезбедување на алатки што ќе помогнат во подобрувањето на процесот на учење и ќе им помогнат на учениците и наставниците. Идните планови ветуваат плодна соработка,,. – изјави директорката на гимназијата, Г-ѓа Бесиме Јонузи.
Поддршката од турската држава во различни области,вклучитрлно и секторот образование, турскиот амбасадор најави и на средбата со градоначалникот на Струга, Г-дин Рамис Мерко.
Strugaonline
Facebook Коментари