Билтен на СВР Охрид: Приведени стружани за агресивно однесување, физички напади, неовластено држење оружје и распрскувачки материи…

- Локални, Спорт
804

На 01.11.2024 во 00.05 часот, на улицата „Пабло Неруда” во Струга, приведени се Л.П.(18) и Л.Р.(18), двајцата од Струга, кои биле агресивни кон полициските службеници кои, тука преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.И.(37) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „Збројовка” калибар 6,35 милиметри и 38 парчиња муниција, различен калибар кои, неовластено ги поседувал.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.Б.(18) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”. Тој, на 12.10.2024 година околу 19 часот, во струшкото село Луково, физички нападнал 17 годишно момче.

На 31.10.2024 во 14.30 часот, во кругот на автобуската станица во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Е.М.од струшкото село Заграчани врз С.Н.(64) од селото Велешта. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари