Лев банер Десен банер

ЏК „Дрим“ Струга со бројни медали на Државното првенство во Скопје

Во спортската сала Јане Сандански во Скопје се одржа Државното првенство во џудо, настан кој донесе врвни борби, силна конкуренција и извонреден натпреварувачки дух. Меѓу најзабележителните клубови беше Џудо клуб „Дрим“ Струга, чии натпреварувачи остварија одлични резултати и освоија бројни медали.

Во категоријата пионери и пионерки, златни медали освоија Елеонора Јосифоска, Дариан Ночески, Давид Спироски и Енил Ајдиноски. Со сребрени одличја се закитија Мишела Јаулевска, Матеј Димитроски, Мунир Ајдински и Дамјан Пејоски, додека бронзени медали освоија Софија Ноческа и Даниел Јосифоски.

Успешен настап имаа и сениорите, каде Анамарија Стојмиловска освои злато, Андреј Симоноски сребро, а Драгица Рафтоска, Амар Бајрамоски и Андреј Чакаровски се закитија со бронзени медали.

Од клубот истакнуваат дека овие резултати се плод на долготрајна работа и посветеност:

„Со гордост можеме да кажеме дека овој настап е резултат на континуирана работа, дисциплина и голема желба за успех. Секој освоен медал е доказ за вложениот труд, но и мотивација за уште поголеми достигнувања во иднина. Честитки за сите натпреварувачи за прикажаната борбеност и срце на татамито, како и голема благодарност до тренерите и поддржувачите кои се секогаш зад нив. Ова е само уште еден чекор кон нови победи и уште поголеми успеси“, велат од Џудо клуб „Дрим“ Струга.

Настапот на стружани уште еднаш потврди дека клубот е меѓу водечките во државата и дека со вакво темпо може да се очекуваат уште поголеми успеси на домашната и меѓународната сцена.

StrugaOnline

error: