Ѓоковиќ по осми пат триумфираше на Грен слем турнирот во Мелбурн

- Спорт
477
Во возбудливо и неизвесно финале, Новак Ѓоковиќ  со 3-2 го совлада Доминик Тим и по 8-ми пат триумфираше на Грен слем турнирот во Мелбурн Австралија.
Ѓоковиќ го отвори мечот со добра игра во првиот сет, но во следните два беше очигледно дека имал и подобри денови, така Тим  направи пресврт и  поведе со 2-1.
Австриецот триунфираше во третиот сет со 6-2  и многумина очекуваа пораз за Ѓоковиќ кој два пати побара лекарска интервенција. Сепак четвртиот и петтиот сет Ѓоковиќ ги одигра многу подобро од Тим и тоа му ја донесе 17. Грен слем титула во кариерата на радост на сите негови фанови во регионот и ширум светот.
Strugaonline

Facebook Коментари