Лев банер Десен банер

Јуниорките на ЖКК Струга 2009 поразени во Кавадарци

Јуниорскиот состав на женскиот кошаркарски клуб „Струга 2009“ забележа пораз на гостувањето во Кавадарци, откако во натпреварот против екипата на Пробаскет загуби со 54:36.

Стружанките имаа тежок натпревар во кој не успеаја да ја пронајдат вистинската игра, а домашниот состав уште од самиот почеток ја презеде контролата. По првото полувреме Пробаскет имаше убедлива предност, која ја одржуваше и во продолжението од средбата.

По натпреварот, тренерот на Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ, не го криеше разочарувањето од прикажаното издание на своите кошаркарки.

„За жал, ова беше нашето најлошо издание. Без борбеност, без идеја. Имавме само неколку добри минути во последната четвртина, но тоа беше недоволно за нешто посериозно.

Следува пауза во првенството поради репрезентативните обврски на А-селекцијата, а тој период ќе го искористиме максимално за работа и исправување на недостатоците“, изјави Ѓоровиќ.

Најефикасна во редовите на Струга 2009 беше Зиба со 12 поени, Даути постигна 9, Дукоска 5, Кавај 4, Мијевска 3, Танаскоска 2, додека Таранeши го заврши натпреварот со 1 поен.

Пауза во првенството за стружанки ќе биде можност за дополнителна работа, подобрување на играта и отстранување на слабостите кои дојдоа до израз на гостувањето во Кавадарци. Целта на стручниот штаб е екипата да се врати во продолжението од сезоната со подобра игра и поголема борбеност.

StrugaOnline

error: