Караорман со убедлива победа од 6:1 ја победи Лирија

- Локални, Спорт
405

Денес во рамките од 8-то коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, Караорман со убедлива победа над Лирија со 6:1.

Караорман на домашен терен со 6:1 ја победи Лирија и се изравни на табелата со Црно Буки со по 19 освоени бодови. Стружани доминантни во целиот натпревар ја оправдаа фаворитската улога, што уште еднаш потврдија зошто се фаворити за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Стрелци на головите за Караорман беа Никола Димов два гола, Ивица Ќелешоски, Климе Далчески, Дарко Симјаноски и Џемил Исмаили (Лирија) кој си постигна автогол, за гостинската екипа стрелец на единствениот гол беше Фатон Таировски.

Facebook Коментари