Овој викенд (30/31март) во Охрид ќе се одигра завршниот турнир за младинци каде ќе настапат КЛ7 Струга, Металург 2, РК Струга и РК Охрид.
Во полуфиналните натпревари кои ќе се одиграат во сабота силите ќе ги одмерат Охрид – КЛ7 односно Струга – Металург 2.
Распоред на натпреварите:
Сабота:
17.00 ч.: Струга – Металург 2
19.00 ч.: Охрид – КЛ7
Недела:
15.30 ч.: Меч за трето место
17.30 ч.: Финале
Ова е втор по ред Final 4 за младинците на КЛ7-Струга откако лани во полуфиналето загубија од Металург 2 со резултат 21:20. А потоа во натпреварот за трето место по изведување на пенали успеаа да слават над РК Борец со 19: 21 (19:19 – 10:10)
Извор: kl7.mk
фото: aрхива
Facebook Коментари