Македонија доживеа катастрофален пораз од селекцијата на Египет

- Спорт
421

Македонската ракометна репрезентација доживеа  втор  глем пораз на Светско првенство. По поразот од Шведска во четвртокот (32:20), вечерва домаќинот Египет славеше  со 38:19 (20:6).

По 10.минути игра домаќините на ова Светско првенство водеа со 7:3, а четири минути подоцна резултатот беше 10:3. После тајмаутот кој го побара селекторот Брестовац нашите ракометари постигнаа три гола.
Но Египет повторно се врати во ритам и до крајот на полувремето го наполни голот на македонската репрезентација.
Во 26.минута, Египет создаде двоцифрена предност 16:6, а првиот дел заврпи со резултат 20:6.
Во 40-та минута од натпреварот Египет имаше плус  20 голови (30:10).
На крај резултатот беше 38:19.

 

Facebook Коментари