Македонските одбојкари вечерва играат за трето место во групата ,,Ц” на ЕП 2023 во Скопје

- Спорт
232

Вeчерва од 20.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје македонската одбојкарска сениорска репрезентација ќе го игра последниот петти натпревар во групата „Ц“ на Европското првенство, а противник и е екипата на Чешка.

Ова е одлучувачки натпревар за тоа која репрезентација ќе го освои третото место во групата „Ц“ и победникот од тој меч во осминафиналето ќе игра против Србија на 10 септември во Бари.

Strugaonline

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Facebook Коментари