Марко Пејчиноски ја доби наградата за спортски подвиг на годината

- Спорт
368

Во организација на Агенцијата за млади и спорт синоќа беа доделени наградите за најуспешни македонски спортисти за оваа година.

Талентираниот пливач од Охрид Марко Пејчиноски ја доби наградата за спортски подвиг на годината.

На 28-ми август, за празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, Марко исплива 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид, со што го исполни ветувањето од почетокот на летото, кога најави 10 препливувања и околу 250 километри, а сега е и официјално награден за остварување на својот подвиг.

Facebook Коментари