Пионерките на ЖРК Струга го претрпеа првиот пораз во пролетниот дел од сезоната
Пионерките на ЖРК Струга го забележаа првиот пораз во пролетниот дел од сезоната, откако во рамките на 20. коло загубија на гостувањето кај шампионот ЖРК Ѓорче Петров со резултат 21:11.
Домашниот тим уште во првото полувреме создаде предност од 9:4, а во вториот дел ја одржа контролата на натпреварот за конечни 21:11.
Од таборот на ЖРК Струга посочуваат дека грешките во нападот и недоволно цврстата одбрана биле клучни фактори за поразот на овој натпревар.
Најефикасна во редовите на стружанките беше Калина Симоноска со 4 погодоци, додека Леа Пејоска постигна 3 гола, 2 погодоци имаше Ива Пејоска а по еден погодок запишаа Јоана Куциноска и Ива Крстаноска.
Кај ЖРК Ѓорче Петров, најрасположена беше Варвара Атанасовска со 7 голови, а значаен придонес дадоа и Лана Алтанова со 3 и Ана Стојанова, Филимановски Клара и Деспина Станковска со по 2 погодоци.
Во следното коло, пионерките на ЖРК Струга на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на ЖРК Вардар.
StrugaOnline

