Пионерките на ЖРК Струга со победа ја затворија сезоната и го освоија третото место
Пионерките на ЖРК „Струга“ со победа во Гостивар против екипата на Јехона ја завршија натпреварувачката сезона, потврдувајќи ја успешната година во која го освоија високото трето место во Пионерската женска лига.
Стружанки славеа со 25:15 на гостувањето кај КХФ Јехона, во натпревар од последното коло, при што уште еднаш ја покажаа својата борбеност и напредок во играта.
Најефикасни во составот на ЖРК Струга беа: Ѓонеска Елена со 7 гола, Крстаноска Ива со 6, Пејоска Леа со 4, Димитроска Матеа, Симоноска Калина и Чакар Деспина со по 2 гола, Паноска Николина и Димоска Евгенија со по 1 гол.
Од клубот истакнуваат дека сезоната може да се оцени како многу успешна, особено ако се земе предвид дека ова е само втора натпреварувачка сезона на младата екипа.
„Можеме да ја прогласиме оваа сезона за успешна бидејќи завршивме на високото трето место. Во нашата втора сезона успеавме да напредуваме за една позиција на табелата. Сметаме дека можевме и многу повеќе, но есенскиот дел од сезоната, како и повредите по натпреварот со Чаир, не оддалечија од уште подобар пласман. Сепак, горди сме на девојчињата за нивната посветеност, борбеност и напредок“, велат од ЖРК „Струга“.
StrugaOnline

