Лев банер Десен банер

Пораз на ЖРК Струга во неизвесен дуел со Вардар

Во рамките на 21. коло од македонската пионерска женска лига, ЖРК Струга беше поразена од ЖРК Вардар со 18:19, во натпревар одигран во спортската сала „Тими“ во Струга.

Лошото прво полувреме се покажа како пресудно за стружанките, кои поради слабата игра во одбраната дозволија противникот да создаде предност. Иако во вториот дел екипата на Струга се консолидираше и прикажа далеку подобра игра, тоа не беше доволно за целосен резултатски пресврт.

Од клубот истакнуваат дека еден од главните фактори на натпреварот биле и судиските одлуки.

„Еден од главните актери беа и судиите кои со своите одлуки во клучните моменти од натпреварот досудуваа ситуации на штета на екипата на Струга“, велат од клубот.

Најефикасна кај Струга беше Симоновска Калина со 7 погодоци, додека Пејоска Ива постигна 4, Пејоска Леа даде 3, а Ѓонеска Елена и Димитроска Матеа по 2 гола.

Во последното коло, кое се игра во сабота, ЖРК Струга гостува кај ЖРК Јехона во обид сезоната да ја заврши со позитивен резултат.

StrugaOnline

error: