Ракометарите на Металург пристигнаа во Струга, сите се негативни на КОВИД 19

- Локални, Спорт
409

Металург пред два дена ги тестираше своите ракометари на коронавирус и сите тестови се негативни. Со тоа е исполнет и последниот услов за нивниот настап на 48. издание на турнирот во Струга, кој од денеска па се до недела ќе се игра на теренот кај “Женската“ плажа.

Ракометарите на Металург вчера стигнаа во Струга .

Металург на турнирот во Струга е сместен во групата “Б“ заедно со Еурофарм Пелистер, со Прилеп и со Струга, а првиот меч ќе го одигра против битолчани вечерва  со почеток од 21.15 часот.

Од строгите мерки и протоколи за издвојување е забраната за користење на соблекувалните и дезинфицирање на теренот после секој натпревар. Олеснување за организаторите е играњето на отворено игралишите „Горан Попоски-Бабец“ и одлуката на дел од клубовите да патуваат во Струга за играње на мечеви, без спиење во сместувачките капацитети.

Извор: РК Металург

Facebook Коментари