Шведска е европски првак во ракомет

- Спорт
466

Шведска после две децении е европски првак во ракомет. Швеѓаните во драматичен натпревар успеаа да ја совладаат екипата на Шпанија.

Екберг  го постигна клучниот пенал за победа по истекот на регуларните 60 минути, а играч на натпреварот беше одличниот чувар на мрежата на Шведска,  Паличка.

– Се бориш цела кариера, победуваш, губиш, се подигнуваш и паѓаш. Мислам дека се разболев од количината на емоции кои ги чувствувам. Чувството е неверојатно, мислам дека сум на раб од шок после се што се случи. Ниту како дете не сум плачел како денес, бидејќи не можев да сонувам дека ова ќе ми се случи во животот,  – изјавил  Паличка.

Facebook Коментари